ОГЛАСНА ТАБЛА

Идентификациони податоци

Историјат на училиштето

Средното училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев” – Скопје, е основано со Решение  на  Президиумот на АСНОМ  во декември 1944 година како прва Учителска школа во Народна Република  Македонија. Ова е важен настан за македонскиот народ кога наставата започнува да се изведува на мајчиниот македонски јазик, дотогаш непризнаван и забрануван…

Прочитај повеќе  

Мисија и визија

СУГС „Никола Карев“ како прва гимназија во Македонија денес е модерно училиште со долга традиција, квалитетен и стручен наставен кадар, современо опремено со компјутеризирани училници, спортска сала, библиотека со читална, еколошки уреден двор…

Прочитај повеќе  

Цели на училиштето

Општи и посебни цели на училиштето се: стекнување знаења, умеења и навики; развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите; воспитување на младите за одговорно лично и општествено живеење; опремување на училиштето со современи наставни средства; подобрување на квалитетот на наставата, преку воведување современи наставни методи и форми и техники на работа и наставни средства…

Прочитај повеќе  

Програмски насоки

Во согласност со актуелните промени во образовниот систем, а земајќи ги предвид општите и посебните цели кои училиштето со својата работа треба да ги постигне, програмските насоки се определени од неколку аспекти и тоа…

Прочитај повеќе  

Запишување на ученици

Нивото на претходното образование кое е потребно за влез на новозапишани ученици во прва година е завршено деветгодишно основно образование. Кандидатите кои ќе ги исполнат условите од конкурсот, што го објавува Министерството за образование и наука на РМ, по претходно барање од училиштето, а во согласност со потребите и желбите на средината, стануваат редовни ученици во Средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“…

Прочитај повеќе  

Менаџерски тим

Менаџерскиот тим на училиштето е составен од директорот на училиштето, помошник директорот и претседателите на стручните активи. Стручните активи се работни тела составени од наставници од исти или сродни наставни предмети. Претседателот на стручниот актив е наставник кој е избран од членовите на активот на почетокот од учебната година…

Прочитај повеќе  

Најнови Вести

VISIT BLOG

Промоција на Милјана Павловска

Промоција на нашата драга Милјана Павловска која има голем придонес за нашата гимназија во која работеше...

РЕГИСТРАЦИЈА И НАЈАВА НА УЧЕНИЦИ