НАСТАВНИ ПЛАНОВИ

Наставните планови за гимназиско образование, во учебната 2013/14 година ќе се подготвуваат во согласност со законските одредби за реализација на воспитно – образовната дејност од овој тип настава.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ПРЕДМЕТИ

Задолжителните предмети се програмско јадро на гимназиското образование и се однесуваат на сите ученици. Со нив се обезбедува општообразовен стандард од знаења кој ќе им овозможи на учениците проодност во сите подрачја на гимназискиот систем на образование.

 

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

Во II година секој ученик избира еден предмет од листата на изборни предмети:

  • Информатичка технологија
  • Латински јазик
  •  Елементарна алгебра
  •  Говорење и пишување
  •  Етика

Бројот на учениците за кои може да се организира настава за одделен избран изборен предмет изнесува минимум 17.

Во III и IV година изборните предмети се групирани во три изборни подрачја:

    •  општествено – хуманистичко А и Б
    •  природно – математичко А и Б
    •  јазично – уметничко А и Б
Име на подрачјеИзборни предмети III годинаИзборни предмети IV година
Природно математичко комбинација АЛинеарна алгебра со аналитичка геометрија АлгебраФизика, Програмски јазици Математичка анализа
Природно математичко комбинација БГеографија, Информатика, Латински јазикХемија, Биологија, Физика
Општествено-хуманистичко комбинација АВовед во право, Социологија, Латински јазикЕкономија, Менаџмент, Логика, Историја
Општествено-хуманистичко комбинација БПедагогија, Етика, СоциологијаСоциологија, Историја, Филозофија, Психологија
Јазично уметничко комбинација АИталијански јазик Латински јазик, ПедагогијаИталијански јазик Латински јазик, Психологија, Компаративна книжевност
Јазично уметничко комбинација БЛиковна уметност, Музичка уметност ПедагогијаИталијански јазик, Музичка уметност, Ликовна уметност, Драма

Овие подрачја нудат содржини кои им овозможуваат запишување на учениците на факултетите во Република Македонија. Со содржините кои ги обработуваат тие ја поттикнуваат креативноста на учениците и ги збогатуваат нивните знаења.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИЗБОРНИ ПРОГРАМИ

Овој тип изборни програми, преку програмските содржини им овозможува на учениците реализација на интересите од областа на спортот и спортските активности, ликовната и музичката уметност.

Овие изборни програми имаат статус на наставни предмети и се реализираат преку наставни часови во неделниот фонд, низ различни форми на работа. Карактеристика на реализацијата на овие содржини е менторскиот систем во пристапот со учениците и флексибилни дидактички методи. Секоја содржина има различен и оригинален начин на реализација.

Оваа настава им овозможува на учениците да го искажат талентот и да се мотивираат за постигнување на успеси во областа на спортот и уметностите.

 

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Индивидуалните интереси на учениците се реализираат преку изборот на проектни активности кои на учениците им нудат можност да ја реализираат својата креативност и потенцијали, надвор од редовната настава. Тие се изведуваат според стандардите пропишани од БРО и со соодветен фонд на часови, во сите четири години, по слободен избор на ученикот и во зависност од капацитетите и можностите на училиштето.

Проектни активности кои се планирани да се реализираат во учебната 2013/14 година се следните:

Проектна активностБрој на часови
Урбана култура15+20
Култура на здраво живеење15+20
Математика15+20
Информатика15+20
Физика – астрономија15+20
Хемија15+20
Биологија15+20
Граѓанска култура15+20
Спортски активности15+20
Хор70
Оркестар70
Ликовно-творечки активности15+20
Литературни клубови и драмски секции15+20
Географија15+20
Мир, толеранција и заштита15+20
Иновации и претприемништво15+20

Од 2012/13 година е воведена задолжителна проектна активност „Иновации и претприемништво“, а учениците треба да ја изберат втората проектна активност преку анкетни листови кои ги спроведува училиштето.