Драги ученици

Драги ученици,

Од името на сите вработени во СУГС гимн.„Никола Карев“,секако и од свое име, ви посакувам среќен и успешен почеток во учебната 2018/19 година.

Вам, на  учениците кои оваа година првпат се запишувате во нашата гимназија , ви се залагодаруваме за изборот  што го направивте и се надеваме дека вашите очекувања ќе бидат исполнети.

Ве очекуваме во нашето училиште со следниот распоред:

Прва (I)    и  трета (III)   година    –  прва смена  од 7,30 часот

Вторa (II)   и  четврта (IV)  година    –   втора смена  од 10 часот

Драги родители,

Од името на сите вработени во СУГС гимназија ,,Никола Карев“  ви благодариме за укажаната доверба вашите деца да ги запишете во нашето училиште кое има долга традиција  на прва учителска школа, а денес претставува современа гимназија која нуди шест изборни подрачја .

 

Се надеваме на успешна меѓусебна соработка.

Септември, 2018

Директор,

Горица  Илијоска