Nikola Karev

Директор

Директорот е раководен орган на училиштето, кој е одговорен за законитоста во работењето на училиштето, се грижи за статусот и положбата на вработените, ја организира и ја раководи воспитно-образовната работа, самостојно донесува одлуки и го застапува училиштето пред надворешни лица. Тој има важна улога во креирањето и реализирањето на воспитно-образовните задачи и развојната политика на училиштето. Директорот:

  • ја предлага годишната програма за работа и презема мерки за нејзино спроведување;
  • ги извршува одлуките на Училишниот одбор;
  • врши избор на наставници и стручни соработници;
  • одлучува за распоредување на наставници, стручни соработници и работници и врши оценување во согласност со резултатите од нивната работа;
  • одлучува за престанок на работниот однос на вработени;
  • поднесува извештај за успехот и за постигнатите резултати во воспитно - образовната работа до Педагошкиот завод на Македонија;
  • поднесува извештај за реализација на годишната програма до Министерството за образование;
  • поднесува извештај за материјалното работење на училиштето до Управниот одбор и др.

Во програмата за работа на Директорот, добро е да се споменат главните подрачја во кои се реализира неговата работата. Тие се:

  • педагошко-инструктивната работа;
  • административно-организаторските активности;
  • аналитичко-истражувачката работа;
  • финансиското работење;
  • соработката и застапувањето на училштето;
  • работата на педагошката документација и администрација, и
  • работата со ученичките организации.

Учениците се главната причина заради која сме во училиштето, главната причина заради која работиме, се трудиме, вложуваме... Токму тие – учениците – се нашата иднина, идните столбови на нашето општество...
Нивните желби и потреби се несомнено големи, па во таа насока правиме сè што можеме за нивниот престој во училиштето да биде попријатен и тие навистина да почувствуваат дека тоа е нивниот втор дом.

Елизабета Марковска Ставревска, директор