Nikola Karev

Мисија на училиштето

  • СУГС „Никола Карев“ како прва гимназија во Македонија е модерно училиште со долга традиција, квалитетен и стручен наставен кадар, современо опремено со компјутеризирани училници, спортска сала, библиотека. Училиштето обезбедува сигурна и безбедна средина во која се образова, воспитува и насочува кон подигање на еколошката свест кај младите, поттикнува индивидуалност, креативност и обезбедува солидна основа за продолжување на високообразовните институции.

Визија на училиштето

  • Да станеме модерно и ефективно училиште во кое сè што ќе се работи ќе биде за доброто на учениците, за постигнување повисоки резултати во сите области - како во училиштето, така и надвор од него. Училиштето да има квалитетни и мотивирани наставници кои сета своја енергија ќе ја насочат кон мотивирање на учениците за постигнување поголеми резултати работејќи во модерни и компјутерски опремени кабинети.

    Да создадеме училиште во кое еко-свеста на учениците ќе биде на високо ниво, ќе го промовира мирот и ненасилството и, секако, училиште што ќе им го трасира патот на учениците кон високообразовните институции, задоволувајќи ги критериумите за влез на истите.