Nikola Karev

Помошник Директор

Во Годишната програма на училиштето во учебната 2013/14 година, помошник-директорот учествува во реализација на програмата во неколку подрачја:

  • Му помага на Директорот во раководење на училиштето
  • Учествува во воспоставување и реализирање на организациска структура во наставата
  • Учествува во работата на Наставничкиот совет и сите други органи во училиштето
  • Ја следи работата на наставниците и другите вработени
  • Дава предлог-мерки за усовршување на наставните вештини, систематизирање на курикулумите и подобрување на организациската структура
  • Гради атмосфера на колективност, доверба, постојана поткрепа, препознавање, почитување и пофалување (наградување) на резултатите како на наставниците така и на учениците
  • Учествува во создавање клима за работа која придонесува чувство на задоволство на секој поединец (наставник или ученик)
  • Извлекува заклучоци и дава предлог-мерки за отстранување на евентуални недостатоци, подобрување на работната дисциплина, усовршување на наставата, стимулирање на квалитетот и др.
  • Води кратки протоколи (записници) достапни за увид на директорката
  • Учествува во изготвување на годишниот извештај за работата на училиштето
  • Учествува во изготвувањето подготовка на Годишната програма за работа на училиштето
  • Соработува со класните раководители
  • Одржува настава по својот предмет со половина работно време
Билјана Муфишовска, помошник директор