Nikola Karev

Наставни планови

Наставните планови за гимназиско образование, во учебната 2013/14 година ќе се подготвуваат во согласност со законските одредби за реализација на воспитно – образовната дејност од овој тип настава.

Наставниот план за гимназиско образование е конципиран во четири дела:

Задолжителните предмети

Задолжителните предмети се програмско јадро на гимназиското образование и се однесуваат на сите ученици. Со нив се обезбедува општообразовен стандард од знаења кој ќе им овозможи на учениците проодност во сите подрачја на гимназискиот систем на образование.

Изборни предмети

Во II година секој ученик избира еден предмет од листата на изборни предмети:

  • Информатичка технологија
  • Латински јазик
  • Елементарна алгебра
  • Говорење и пишување
  • Етика

Бројот на учениците за кои може да се организира настава за одделен избран изборен предмет изнесува минимум 17.

Во III и IV година изборните предмети се групирани во три изборни подрачја:

  • општествено - хуманистичко А и Б
  • природно - математичко А и Б
  • јазично - уметничко А и Б

Име на подрачје Изборни предмети III година Изборни предмети IV година
Природно математичко комбинација А Линеарна алгебра со аналитичка геометрија Алгебра Физика, Програмски јазици Математичка анализа
Природно математичко комбинација Б Географија, Информатика, Латински јазик Хемија, Биологија, Физика
Општествено-хуманистичко комбинација А Вовед во право, Социологија, Латински јазик Економија, Менаџмент, Логика, Историја
Општествено-хуманистичко комбинација Б Педагогија, Етика, Социологија Социологија, Историја, Филозофија, Психологија
Јазично уметничко комбинација А Италијански јазик Латински јазик, Педагогија Италијански јазик Латински јазик, Психологија, Компаративна книжевност
Јазично уметничко комбинација Б Ликовна уметност, Музичка уметност Педагогија Италијански јазик, Музичка уметност, Ликовна уметност, Драма

Овие подрачја нудат содржини кои им овозможуваат запишување на учениците на факултетите во Република Македонија. Со содржините кои ги обработуваат тие ја поттикнуваат креативноста на учениците и ги збогатуваат нивните знаења.

Задолжителни изборни програми

Овој тип изборни програми, преку програмските содржини им овозможува на учениците реализација на интересите од областа на спортот и спортските активности, ликовната и музичката уметност.

Овие изборни програми имаат статус на наставни предмети и се реализираат преку наставни часови во неделниот фонд, низ различни форми на работа. Карактеристика на реализацијата на овие содржини е менторскиот систем во пристапот со учениците и флексибилни дидактички методи. Секоја содржина има различен и оригинален начин на реализација.

Оваа настава им овозможува на учениците да го искажат талентот и да се мотивираат за постигнување на успеси во областа на спортот и уметностите.

Проектни активности

Индивидуалните интереси на учениците се реализираат преку изборот на проектни активности кои на учениците им нудат можност да ја реализираат својата креативност и потенцијали, надвор од редовната настава. Тие се изведуваат според стандардите пропишани од БРО и со соодветен фонд на часови, во сите четири години, по слободен избор на ученикот и во зависност од капацитетите и можностите на училиштето.

Проектни активности кои се планирани да се реализираат во учебната 2013/14 година се следните:

Проектна активност Број на часови
Урбана култура 15+20
Култура на здраво живеење 15+20
Математика 15+20
Информатика 15+20
Физика - астрономија 15+20
Хемија 15+20
Биологија 15+20
Граѓанска култура 15+20
Спортски активности 15+20
Хор 70
Оркестар 70
Ликовно-творечки активности 15+20
Литературни клубови и драмски секции 15+20
Географија 15+20
Мир, толеранција и заштита 15+20
Иновации и претприемништво 15+20

Од 2012/13 година е воведена задолжителна проектна активност „Иновации и претприемништво“, а учениците треба да ја изберат втората проектна активност преку анкетни листови кои ги спроведува училиштето.