Nikola Karev

Дополнителна настава

Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако имаат најмалку две слаби оценки, имаат слаби резултати по одреден наставен предмет, отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет и на барање на ученикот или неговиот родител (старател). Наставникот кој ја реализира наставата по наставниот предмет ги задолжува учениците кои имаат недоволни оценки за посета на дополнителна настава, а за учениците кои имаат послаби резултати по одреден наставен предмет или отсуствуваат од настава по одреден предмет, дополнителна настава се организира по проценка на наставникот.

Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети со најмногу четири наставни часови по наставен предмет. Доколку ученикот за кој наставникот одредил задолжителна дополнителна настава не ги посетува часовите по дополнителна настава, ученикот добива неоправдан изостанок. За упатување на ученикот на дополнителна настава наставникот задолжително го известува класниот раководител кој го информира родителот (старателот).

Додатна настава

Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни резултати по одделни наставни предмети (талентирани ученици). Наставникот е должен да им го понуди овој вид настава на учениците, а тие одлучуваат дали ќе ја посетуваат додатната настава.

Консултативна и подготвителна настава

Консултативна настава ќе има во текот на целата учебна година за вонредните ученици и за учениците кои ќе полагаат поправни испити, како и за учениците кои сакаат да постигнат подобри резултати.

Подготвителна настава ќе се спроведува во согласност со потребите на учениците, особено во рамките на подготовките за полагање државна матура. Исто така ќе се организира за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на година, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.

Додатна, дополнителна настава и проектни активности во учебната 2013/14 година ќе се одржува по денови, според активи, од 13:00 до 13:45 часот по следниот редослед:

Актив Додатна настава Дополнителна настава Проектни активности
Македонски јазик и литература понеделник среда петок
Странски јазици вторник четврток /
Математика и информатика среда петок понеделник
Природни науки четврток понеделник среда
Општествени науки петок вторник четврток
Уметност среда петок понеделник
Спорт и спортски активности среда петок понеделник