Nikola Karev

Конкурс

Врз основа на член 42 од Законот за средното образование (Сл.весник бр. 52/02, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/2010, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13 и 41/14)  член 44, 45 и  146 од Статутот на Средното училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев“ – Скопје, Училишната комисија за упис на ученици во прва година  на ден  14.04.2014 година,  донесе

O Г Л А С

за запишување ученици во учебната 2014 /2015 година во

Средно училиште  на Град Скопје

гимназија  „НИКОЛА КАРЕВ“ - Скопје

БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование - 306 ученици, 9 паралелки

минимум 60 поени

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  • При пријавувањето,учениците треба да ги поднесат следните документи:
  • - пријава за запишување се подигнува од училиштето и истата е бесплатна;
  • - оригинални свидетелства од V до VIII одделение;
  • - извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

КОНКУРСНИ РОКОВИ

  • Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно во августовскиот рок.
  • Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на  23 и 24 јуни 2014 година, а резултатите од запишувањето и сло­бод­ните места ќе се објават на  25 јуни 2014  година.
  • Второто пријавување од јунскиот уписок рок и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни и 1 јули 2014, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на  3 јули 2014 година.
  • Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 21 август во училиштата во кои има непополнети места, а резул­та­тите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 22 август 2014 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • - среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
  • - среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик, математика и историја );
  • - дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички      натпревари од (мајчин јазик, странски јазик  и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
  • - средна вредност од поени добиени за поведение.