Вовед

Со вовоедувањето на Програма за Интеграција на екологијата во македонскиот образовен систем како
задолжителна активност во училиштата во Република Македонија нашето училиште ја постави
екологијата, глобалните проблеми и активностите кои се однесуваат на заштитата на животната средина
како приоритена развојна цел која ја вгради во 4 годишната развојна програма и истата е
континуирано планирана, реализирана, следена и евалуирана на годишно ниво.

Опис на активностите

Сите еколошки активности во гимназијата се реализираат на 2 нивоа, во настава и како воннаставни
активности. Тоа значи дека дел од активностите се реализираат во училница и во согласност со
наставните програми по секој предмет поединечно но секако и во училиштето како и вон него, во рамките
на воннаставните активности реализирани под менсторство на наставници како и во соработка со
невладиниот и бизнис секоторот на ниво на град Скопје.
Училиштето ги реализира овие активности на 4 полиња на делување, т.н ЕКО СТАНДАРДИ:

 

  • ЕКО СТАНДАРД 1 : Заштеда и рационално користење на водата
  • ЕКО СТАНДАРД 2: Заштеда и рационално користење на електрична енергија и користење на
    обновливи извори на енергија
  • ЕКО СТАНДАРД 3: Справување со отпадот (Третирање на органски отпад како и селектирање на
    рециклирачки отпад-хартија, пластика, метал)
  • ЕКО СТАНДАРД 4: Одржување на чиста и здрава средина во училишната зграда и градење на
    еколошки уреден училишен двор

 

Методите на работа главно се групирани на следниов начин:

1. Спроведување на работилници, семинари и обуки (како активности кои овозможуваат
трансфер на знаење и стекнување на вештини и истите допринесуваат за сфаќање на
важноста од потребата за делување во насока на заштитата на животната средина;
2. АКЦИЈА – Реализација на еколошки акции во училишната зграда и училишниот двор (
3. ЈАВНИ НАСТАНИ- дебати, трибини, манифестации и сл. на еколошки теми во училиштето и
на ниво на Град Скопје

Основна карактеристика на реализираните активности е фактот дека во центарот на вниманието се
пред се учениците, предводени од професори ментори и стручни соработници. При реализација на
активностите се комбинираат елементите на формалното со неформалносто образование што
овозможува вклучување на различни субјекти при нивна реалзација и со тоа активностите добиваат
интердесциплинарен карактер кој допринесува за подигање на квалитетот на истите.

 

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

ЕКО СТАНДАРД 1 : Заштеда и рационално користење на водата
Реализирано: 1. Истакнување на едукативни пораки и упатства за штедење и рационално
користење на водата за пиење во санитарните чворови и училишната зграда
2. Ископување на сопствен бунар и воспоставување на штедлив систем за
наводнување на зеленилото во училишниот двор
3. Промоција на соработката со Гарден центарот „Булка“, како стратешки
партнер во реализација на еколошките активности на училиштето
Соработници: Гарден центар „ Булка“ (Стратешки партнер на училиштето)
Во рамките на овој Еко стандард училиштето преку сопствен пример ја промовираше можноста за
заштеда и рационално користење на водата за пиење преку ископување на сопствен бунар и
воспоставување на систем за користење на техничка вода за наводнување на зелените површини на
училишниот двор. На овој начин училиштето освен тоа што има финансиска заштеда на сметките за вода
исто така на јавен настан промовирајќи ја соработката со нашиот стратешки партнер ја еманираше
пораката до пошироката заедница дека гимназијата има одговорен однос кон овој животен ресурс кој е
глобален проблем број 1.
ЕКО СТАНДАРД 2: Заштеда и рационално користење на електрична енергија
Реализирано: 1. Истакнување на едукативни пораки и упатства за штедење и рационално
користење на електричната енергија во училниците и училишната зграда
2. Замена на традиционалните светилки со енергетски штедливи светлечки тела
3. Реализација на обуки и работилници на следниве теми
– Заштеда на електрична енергија и користење на обновливи извори на енергија
– Одржлив развој
4. Изработка на сончев колектор за загревање на вода во спортска сала
5. Промоција на сончевиот колектор на Светскиот ден на акција (22.04.2013) на
ниво на Град Скопје
– Презентација на техничката реализација на сончевиот колектор
– Презентација на моделот на соработка на училиштето со партнерите
– Посета на работилницата
– Изработка на постер и промо-материјал
Соработници: – AIESEC– Скопје, Младинска организација со фокус на еколошките пробелми
(Повеќегодишен соработник со училиштето)
– CeProSard-Скопје
– Енергетска Ефикасност – Македонија
– Работна група од професор – ментор и ученици од I, II и III година од гимназијата

 

Овој ЕКО Стандард е од клучна важност и училиштето обрнува огромно внимание на негово
континуирано постигнување. Минатата година како резултат на превземените активности, кои во дел се
повторуваат и оваа година, направи пресметка и училиштето бележи заштеда на потрошена електрична
енергија од 7% што се смета за виден успех и мотивирачки фактор.

 

И оваа година во гимназијата се реализираа обуки на тема: Заштеда на ел.енергија и
користење на обновливи извори на енергија како што се сонце, ветар и сл. Обуките ги реализираа
волонтери на Младинската органозација AIESEC-Скопје и истите ги водеа волонтери од различни земји
од светот. Значи работилниците се водеа на англиски јазик и учениците од една страна имаа можност да
комуницираат на англиски јазик а воедно да се стекнат со нови знаења на ова поле. Како завршна
активност учениците имаа можност да изработат сами СОНЧЕВ КОЛЕКТОР за затоплување на вода во
спортската сала. На овој начин, по повод светскиот Ден на акција, 22.04.2013 (Денот на планетата) и
учениците од нашата гимназија го дадоа својот допринос.

 

Што всушност се случуваше на тој ден во гимназијата?
Една група на ученици изработуваа сончев колектор додека друга група на ученици изготвија и
реализираа презентација на моделот на изработка на сончев колектор за загревање на вода. Имено,
учениците изготвија материјал со кои се презентираше можноста и другите училишта да превземат ваква
или слична иницијатива која може да ги чини од 500 до 3000 денари, во зависност од умешноста да се
снајдат со рециклирачки или реупотребливи материјали (метал-дрво-пластика) кои се неопходни за
изработување на еден ваков сончев колектор. Значи, од една страна се презентираа техничките
можности за изработка на сончев колектор а од друга страна се презентираше и моделот на соработка
на гимназијата со невладиниот сектор како успешен модел за реализација на сопствени идеи за
еколошки иницијативи пренесувајќи го искуството и охрабрувајќи ги останатите средни училишта на Град
Скопје на вакви соработки.

Настанот предизвика интерес и го посетија претставници на други средни училишта на град
Скопје како и претставници на Министерството за заштита на животната средина на Република
Македонија. Истиот беше медиумски покриен со што гимназијата „Никола Карев“ од Скопје успеа со оваа
иницијатива да опфати една поширока таргетна група со што се гордее со реализираното.
На овој начин гимназијата „Никола Карев“, заедно со учениците од I, II и III година, професорите,
техничката служба, со поддршка од директорката на гимнзијата, како и невладините организации,
AIESEC-Скопје, ЦеПроСард-Скопје, Енергетска Ефикасност-Македонија, допринесе да се подига свеста
како и да се прошируваат сознанијата за можни делувања во насока на заштитата на животната средина,
заштеда на електрична енергија и користење на обновливи извори на енергија.

ЕКО СТАНДАРД 3: Справување со отпадот
Реализирано: 1. Истакнување на упатства за одржување на хигиена во училниците, наставничка
канцеларија и просторот во училишната зграда;
2. Поставени се контејнери за селектирање на старата хартија (во секоја
училница), контејнер за селктирано складирање на пластичен отпад (во училишен
двор), обезбедени се канти за органски отпад во секоја училница како и на
најфреквеннтните места во училишната зграда и двор
3. Реализирани се 2 акции за собирање и складирање на старата хартија и нејзино
подготвување за рециклирање
3. Реализација на обуки и работилници на тема
– Патот на отпадот
– Алтернативни извори на енергија
– Одржлив развој
-Креативно справување со отпадот
4. Поставен контејнер за селктирано собирање на штетен отпад – БАТЕРИИ
5. Активности на работната група ЕКОКРЕАТИВА под мотото „Од ништо-нешто“
– Изработка на корпи за селектирање на отпадот од палети и друг реупотреблив
материјал метал-дрво-пластика;
– „Наместо ѓубре – музика“ -изработка на музички инструменти од отпад –
пластика, метал, дрво (ударни инструменти, контрабас, гитара) и создавање на
ЕКО химна на гимназијата (Ајде на пор-пом-поф);
– Изработка на креативни уметнички творби од отпаден материјал како што се
модни креации (1 награда на TRASH FASHION), скулптури (1 место на Trash for art
во организација на ПАКОМАК), маски, како и други уметнички дела направени со
користење на отпадни и реупотребливи материјали – Истите беа дел од
изложбата на традиционалната училишна манифестација СВИРЛОЖБА.
6. Во изработка е кратко видео ЕКОКРЕАТИВА
7. Реализирани се 2 акции за собирање и складирање на старата хартија и нејзино
подготвување за рециклирање и
8. Акции за чистење и разубавување на училишната зграда и двор
Соработници: Центар за Младински активизам „КРИК„ – Скопје
„Го Грин“ – еколошка НВО, Скопје

 

Училиштето се соочуваше со проблеми при одржување на хигиената, недостиг на навики на
оставање на уреден работен простор по завршување на наставата и сместување на отпадоците на
местото каде што припаѓа и сл. Ова сериозно ја отежнуваше работата на техничкиот персонал,
рефелектираше една грда слика за училиштето и сето тоа не натера да реализираме серија на
работилници, за тоа какви се опасности се кријат зад несоодветно третиран отпад и да започнеме со
информирање на учениците за тоа каков третман треба да има отпадот. Со доближување на учениците
на примери во кои се гледа дека некои земји имаат исклучително сериозен и респектабилен пристап кон
отпадот, затоа што истиот некаде претставува и алтернативен извор на енергија, потоа со доближување
на процесот на рециклирање на одреден вид на отпад, хартија, метал, пластика и сл., како и
доближување на можноста за креативен пристап кон отпадот успеваме полека но сигурно да ја
подобруваме сосотојбата во училиштето. Во училиштето се создава критична маса од ученици,
наставници и воопшто од вработени во гимназијата кои имаа исклучително проактивен однос кон оваа
проблематика.

 

Во реализирање на оваа наша цел имаме поддршка од Град Скопје кој ни донираше 5 канти за
слектирање на отпадот, претпријатието АД „КОМУНА“ – Скопје од кого во замена за собраната
искористена хартија која им ја доставуваме добиваме картонски контејнери за селектирање на хартијата
која ја искористуваме и истите ги поставуваме во училниците и административните простории на
гимназијата, Комунална Хигиена – Скопје, која ни додели контејнер за селектирање на пластичниот отпад
и го поставивме во училишниот двор, а од соработката со „Го Грин“ добивме и поставивме контејнер за
собирање на штетен отпад-БАТЕРИИ. Со се ова полека создаваме добра основа за градење на навиките
за селективно третирање на отпадот.

 

Од друга страна пак, со доближување на можноста за креативно третирање на отпадот учениците
под мотото „Од НИШТО – НЕШТО“ земаа активно учество во изработка на голем број уметнички творби,
како што се: маски, скулптури, модни креации, жардињери од пластични шишиња засадени со
љубичици, визуелна сигнализација со пораки за заштита на средината во која работиме и живееме
изработени од делови од дрвени палети и метални шипки поставени во училишниот двор итн. и
сите еманираат јасна порака дека животната средина може да ја штитиме и на ваков начин.
ЕКОКРЕАТИВА е називот на работната група на ученици кои во соработката со Центарот за
младински активизам „КРИК„ од Скопје, со кого во текот на месец Март оваа година реализиравме 4
работилници на разни еколошки теми. Како краен производ од оваа соработка произлегоа контејнери за
селектиран отпад (пластика-метал и органски отпад) изработени од дрвени палети како и уште 4
помали канти за отпад кои се поставени во училишниот двор изработени од метални конструкции
на искршени столчиња и стара изолациона мрежа од пластика од страна на учениците. Оваа
соработка се заокружи со изработка на краток филм ЕКОКРЕАТИВА чија промоција е планирана за крајот
на месец Мај или почетокот на Јуни, оваа година.

 

„Од ѓубре-МУЗИКА“ беше мотото на друга група на ученици кои изработуваат музички
инструменти со кои истовремено и музицираат па заедно со училишниот хор кој има исклучително
проактивна улога во сиве овие активности направија ЕКО химна на гимназијата која деновиве ќе добие и
свој аудио запис. Инаку ЕКО инструменатлистите заедно со училишниот хор имаа повеќе јавни настапи
во живо на манифестации организирани од училиштето, како што се патронатот на гимназијата,
промоцијата на Еколошки уреден училишен двор и СВИРЛОЖБА. Овие настапи му донесоа на
училиштето препознатливост и покажаа еден оригинален и креативен начин во однос на грижата кон
животната средина и тоа го препознаваат и другите па на 5ти Јуни 2013 на покана на Невладината
организација ОХО која со поддршка на Минстерството за образование и наука ја организира
манифестацијата TRASH Fashion, оваа група на ученици ќе имаат свој настап што претставува огромна
чест и признание за нашата гимназија.

 

Акциите за собирање на хартија се исто така една активност која е претходно планирана и се
реализираат главно на деновите кои имаат еколошки карактер, како што се Ден на дрвото, Ден на
Екологијата и Светскиот Ден на акција (Ден на планетата) и како што веќе напомнав хартијата ја
превзема АД Комуна а во замена добиваме контејнери за хартија како и ПАК-хартија која се користи за
поттебите на училиштето.

 

Акциите за чистење на училишната зграда и двор се сотавен дел од планираните активности и
тоа организирано го направивме за Денот на дрвото и за Денот на екологијата. Темелно беа исчистени
сите училници (подови, табли, прозорци, клупи) и просторот во училишната зграда, како и дворот, кој
беше поделен на парцели и различни класови имаа различни парцели за средување. Се чистеше дворот
од отпадоци, суви лисја и гранки и се садеа дрвца и цвеќиња.

 

ЕКО СТАНДАРД 4: Градење на еколошки уреден училишен двор
Реализирано: 1. Воспоставена е соработка со Гарден Центар „Булка“ – стратешки партнер во
реализација на еколошките активности на гимназијата;
2. Направена е Еко катче за релаксација од природни материјали (трупци од
старите дрва во кругот на уч. двор кои бевме принудени да ги исечеме-камчиња-
како и гранки од исечените дрва);
3. Поставена е визулена сигнализација со пораки за заштита на зеленилото и
животната средина (од делови од палети, метал и трупци од дрво)
4. ЕКО еду-простор, од природни и реупотребувани материјали (котури за кабли),
клупи и маси од дрвен материјал, за реализација на некои наставни единици или
за активности на еко работните групи;
5. Направен е хортикултурен аранжман за разубавување на предниот дел од
дворот (цвеќиња, зеленило и камен);
6. Направен е научно – едукативен сегмент со функција на претставување на
растителниот свет од планетата Земја во училишниот двор на гимназијата.
(Климатско-вегетациски приказ на планета);
7. Поднесен е проект до Министерството за животна средина, за пренамена на
постоечка руинирана структура во рамките на училишниот двор – Амфитеатар, во
ЕКО-АМФИТЕАТАР за актуелизирање на теми за заштита на животната средина
8. Поставени се кукички за птици изработени од страна на учениците
9. Поставени се канти за отпадоци и клупи за одмор – Донација од Град Скопје
Соработници: Гарден ценатр „Булка“ – Скопје
АIESEC – Скопје
КРИК –Центар за младински активизам, Скопје

 

Еколошки уреден училишен е двор е посебен предизвик за гимназијата со што покажуваме
дека училиштата имаат можност за малку поинакво уредување на своите дворови. Вака уредениот двор
излегува од рамките на едноставно хортикултурно разубавување на дворот и покажува дека училишните
дворови можат да бидат исто така место за учење каде знаењата се стекнуваат на малку поинаков
начин. Истовремено различните концепти при уредувањето на дворот даваат една сеопфатна слика за
различните потреби на учениците при стекнување на знаења и вештини а нашиот двор постепено
станува се побогат со вака конципирани содржини. Исто така, дворот нуди понатамошни можности и
инспирација за постојано менување и надградување со што во целост се постигнува главната цел на
постоењето на училишните дворови а со тоа и во целост го отсликува исклучително динамичниот
карактер на образованието, кое мора постојано да е во тек со актуелностите и општествените трендови
како кај нас така и во светот. На овој начин уреден училишен двор претставува солидна основа за
ваквиот развој на образованието и примена на различни образовните форми и методи.
На крајот, преку вака уредениот двор, како еден отворен (јавен) простор, се еманираат јасни
пораки за заштита на животната средина не само до ученичката популација туку и пошироко до
заедницата.

 

ДЕБАТЕН НАСТАН на ниво на Град Скопје
Ова беше една од активностите насочени да допринесат кон заедничка заложбата на нашата гимназија и
Град Скопје да се работи систематски кон подигање на еколошката проактивност и целокупното знаење
на тема екологија преку задничка соработка меѓу средните училишта на град Скопје, институциите,
бизнис заедница, невладини организации и медиуми. Се работи за тродневен дебатен настан, кој
претставува симулација на Европски парламент на тези од областа на екологијата и мировното
образование, насловен како „Проактивен став“ – под мотото „Не повишувај го гласот подобри го
аргументот!“

 

Тези на кои се дебатираше:
 „Младите имаат желба да ги зачуваат постоечките ресурси“
 „Учениците не сакаат некој да ја нарушува нивната еколошка свест“
 „Пушачите се дискриминирани со Законот за заштита од пушење и затоа се склони кон
нарушување и загадување на околината“.
Период: 27 до 29 април 2013 година
Место на одржување: простории на СУГС гимн. „Никола Карев“
Организатор: СУГС гимназија „Никола Карев“
Учесници на настанот: Околу 40 ученици и професори од четири реномирани гимназии СУГС гимн.
„Никола Карев“, СУГС гимн. „Ѓорѓи Димитров“, СУГС гимн. „Орце Николов“ и СУГС гимн. „Јосип-Броз
Тито“

 

Цел на Дебатниот настан:
-Учениците да работат под мотото „Не го повишувај гласот подобри го аргументот“.
– Во процес во кој нема натпреварувачки карактер туку преку тимска работа делегатите да имаа
можност да истражуваат, и со аналитички пристап да учествуваат во креирање на јавното мислење за
продлабочување на знаењата од екологијата и мировното образование преку сопствени конструктивни
предлози и препораки за одржливи активности кои понатаму би се спроведувале во Република
Македонија.

– Делегатите да го применуваат кодексот на европско однесување за еднакви можности и
почитување и да го заокружат целиот процес со заеднички напишани Резолуции, документ кој ги содржи
нивните сопствени предлози, препораки и мислења. Ова е многу важна компонента на целиот процес
бидејќи младите кога се слушнати и кога лично учествуваат многу повеќе почитуваат и применуваат. На
овој начин всушност заеднички во синергија одиме чекор напред во креирање на маса ученици со
критички дух кој не само критикува туку и дава решенија.

 

Начин на работа:
Настанот се одвиваше три дена.
Првиот ден со тим-билдинг активности делегатите стекнаа меѓусебна доверба и се создаде релаксирана
атмосфера за работа.

 

Вториот ден поделени во комитети делегатите јавно говореа, дебатираа, пишување резолуции,
демократски изгаласуваа резолуции.

 

Третиот ден се одржа Генерално собрание, на кое делегатите ги читаа Резолуциите, поставуваа
конртени и дебатни прашања, држеа говор за и против резолуциите и на крајот со демократско гласање
ги изгласаа или не ги изгласаа резолуциите со што го заокружија целиот настан.
По завршувањето на сите делегати им беа доделени Сертификати за учество на настанот.
Од оваа активност произлегоа и предлози за идни активности. Настанот со задоволство беше прифатен
од сите учесници со единствена желба за негово понатамошно продлабочување и проширување на
многу повеќе средни училишта од градот и Републиката и како настан кој може да придонесе за градење
на повисока еколошка свест и активност кај младата популација во Скопје и пошироко во Република
Македонија.

 

2. Истражување и презентација на тема „Згадување и заштита на водите“ – Училишен настан
на кој беа презентирани фактите од истражувањето на горе наведената тема. Презентацијата беше
одржана во училишната читална по повод светскиот Ден на водата. Истражувањето и презентацијата
беа направени од ученици предводени од наставник по географија во улога на ментор.
3. Истражување и презентација на тема „Колку се грижиме за здравјето и животот во град
Скопје„ . Истражувањето беше фокусирано кон загадувањето во градот. Повторно, група на ученици под
менторство на професор по географија ги презентираа пред заинтересираните во училиштето,
професори, ученици, родители за тоа во која мерка ни е загаден градот, што се прави и што се може да
се направи за подобрување на состојбата.

 

ПОДДРЖАНИ ИНИЦИЈАТИВИ НА ГРАД СКОПЈЕ
1. Трибина за Зелено Скопје
Во гимназијата на 22.11.2012 (четврток) се одржа „Трибината за Зелено Скопје“ со почеток во
15.00. На трибината замаа учество ученици од нашата гимназија како и ученици од гимназијата „Јосип
Броз Тито“. Концептот на трибината беше замислен така што секое училиште учевствува со своја екипа
предводена од професор ментор и избор на ученик кој има улога на модератор на трибината.
Нашата екипа беше предводена од професор ментор, Билјана Муфишовска а модератор на
трибината беше ученикот Стефан Миленков од I година. Во интерес на квалитетен ангажман на
трибината се одржа 2 работни средба на која учениците добија насоки во поглед на начинот на
комуникација на трибината како и правилата за комуницирање на еден ваков настан а воедно учениците
анализирајќи го материјалот доставн од организаторите на трибината издвоија дел од клучните прашања
околу кои би можеле да поразговараат со говорниците на трибината.

 

Трибината ја отвори координаторорот на проектот „За зелено Скопје“ потоа модераторот ги
претстави говорниците, претставници на гражанското здружение „Пакомак“, ГЕФ(Глобален еколошки
фонд) – ПМГ и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Најпрво претставникот од Пакомак говореше
за рециклирањето на пластичниот отпад. Потоа продолжи претставникот од Комунална Хигиена кој
зборуваше за принципот на работа на Комунална Хигиена во однос на селекција на отпад и процесот на
рециклирање во Скопје со идеи како истата работа да се подобри. Последна од говорниците беше
Жаклина Пауновска – Ангелковиќ која го пренесе искуството од проектот на ГЕФ ПМГ Македонија, во
однос на рециклирањето на пластика во основните училишта.

 

Учениците од гимназијата активно учествуваа на трибината и покажаа проактивен однос кон овие
прашања за што добивме писмена благодарност од страна на организаторите на проектот.
Ваквиот ангажман на нашето училиште резултираше со воспоставување на соработка со
комунална хигиена кои во текот на следната недела ни доставија контејнер за собирање на пластичен
отпад кој се постави во училишниот двор. Селективното складирање на овој вид отпад од една страна
помага нашето училиште директно да допринесе во намалувањето на загадувањето со отпад кој тешко
се разградува а од друга страна овозможува собирање на отпадот кој еко-креативците во училиштето го
користат при изработка на најразлични уметнички дела како што се еко инструменти, скулптури и др.
уметнички дела, покажувајќи креативен начин за справување со отпадот кој е сериозна закана за нашата
земја и пошироко планетата воопшто. Ваквиот пристап кон пластичниот отпад ни овозможува и
соработка со Пакомак кој во замена за отпадот ни нуди снабдување со еколошки течен сапун и др.
училишни материјали за потребите на училиштето.
2. Завршен настан на проектот „Јас-Ние-Сите“ каде и нашите ученици учествуваа на
изработка на макети на тема „Моето идеално маало“ заедно со ученици и професори на вкупно 16
средни училишта на Град Скопје. Напоменувам дека проектот беше финансиран од Град Скопје, а беше
имплементиран од страна на „Коалицијата за одржлив развој“ – КОР од Скопје, и финалната изложба се
одржа токму во гимназијата „Никола Карев“ и на овој настан преку макетите беше демонстрирана и
еколошката свест кај учениците која имплицитно беше присутна во нивните творби.
ОСВОЕНО НАГРАДА: Најзаслужна јавна установа која за допринос на полето на заштитата на животната
средина / доделена од Град Скопје на светскиот ден на екологијата, 2013