Директорот е раководен орган на училиштето, кој е одговорен за законитоста во работењето на училиштето, се грижи за статусот и положбата на вработените, ја организира и ја раководи воспитно-образовната работа, самостојно донесува одлуки и го застапува училиштето пред надворешни лица. Тој има важна улога во креирањето и реализирањето на воспитно-образовните задачи и развојната политика на училиштето.

 

 

Директорот:

  •  ја предлага годишната програма за работа и презема мерки за нејзино спроведување;
  •  ги извршува одлуките на Училишниот одбор;
  •  врши избор на наставници и стручни соработници;
  •  одлучува за распоредување на наставници, стручни соработници и работници и врши оценување во согласност со резултатите од нивната работа;
  •  одлучува за престанок на работниот однос на вработени;
  •  поднесува извештај за успехот и за постигнатите резултати во воспитно – образовната работа до Педагошкиот завод на Македонија;
  •  поднесува извештај за реализација на годишната програма до Министерството за образование;
  •  поднесува извештај за материјалното работење на училиштето до Управниот одбор и др.

 

Во програмата за работа на Директорот, добро е да се споменат главните подрачја во кои се реализира неговата работата. Тие се:

  •  педагошко-инструктивната работа;
  •  административно-организаторските активности;
  •  аналитичко-истражувачката работа;
  •  финансиското работење;
  •  соработката и застапувањето на училштето;
  •  работата на педагошката документација и администрација, и
  •  работата со ученичките организации.

 

Учениците се главната причина заради која сме во училиштето, главната причина заради која работиме, се трудиме, вложуваме… Токму тие – учениците – се нашата иднина, идните столбови на нашето општество… 

Нивните желби и потреби се несомнено големи, па во таа насока правиме сè што можеме за нивниот престој во училиштето да биде попријатен и тие навистина да почувствуваат дека тоа е нивниот втор дом.

Елизабета Марковска Ставревска, директор