Комуникациски протокол

Комуникациски протокол

Поради комплексноста на функционирањето на едно училиште овој комуникациски протокол има за цел да ја олесни работата на сите субјекти во училиштето и да воспостави ред во функционирањето. Помага сите инволвирани субјекти во училишното работење полесно да најдат одговор на прашањето:

Во случај на …    Кому да се обратам?    Кого да контактират?

Истовремено со овој комуникациски протокол нашето училиште покажува дека се залага да ја гради и надградува комуникациската култура со што се истакнува како силен фактор за одржување на квалитетна и современа комуникација не само во  училиштето туку и пошироко во заедницата.

Комуникацискиот протокол претставува обрзувачки документ за сите вработени во училиштето и секое прекршување претставува повреда на интегритетот и угледот на училиштето.

Овој протокол за комуникација е предмет на постојани надградувања и надополнувања во согласност со потребите на училиштето и динамиката на одвивање на наставните процеси воопшто. За почеток опфаќа дел од најчесто евидентораните проблеми во комуникацијата и дава можност истите да бидат канализирани и олеснетиКомуникациски протокол
Основни правила за комуникација и однесување во училиштето

 

Секој-секого  должно го поздравува независно дали лицето е вработено во гимназијата или доаѓа од надвор

 

Во училиштето секогаш се разговара со мирен тон, со доза на почит и уважување на личноста како и на аргументите од едната или другата страна

 

Секој вработен треба достоинствено да го претставува угледот на институцијата во која работи придржувајќи се во целост со правилата за работа и однесување пропишани во законот за средно образование, Законот за работни односи, Статутот, правилниците Куќниот ред и кодексите на гимназијата.

 

а) Во случај на проблем во училница или несогласување со предметен професор

• претседател на клас (заедно со ученикот го информираат класниот раководител)• класен раководител (заедно со учениците организира средба со предметен професор и се обидуваат да го решат проблемот)• предметен професор (во случај да не може да се изнајде решение предметниот професор и кл.раководител ја информираат стручната служба и заеднички го решаваат проблемот)• стручна служба (стручната служба секојдневно комуницира со директорот и го информира за случувањата во улилиштето)• директор (во краен случај се вклучува и директорот во разрешување на проблемот)

**проблемите од овој вид се решаваат по овој редослед и не треба да се прерипува ниту една дефинирана инстанца)

б) во случај на здравствен проблем или повреда
• дежурен професор/слободен професор во наставничка канцеларија/стручна служба /*• класен раководител (во случај да не е присутен во моментот ја информира стручната служба)• стручна служба (постапува согласно правилникот за работа и го евидентира случајот)
** во ваков случај дежурен професор или било кој слободен професор повикува брза помош и ја известува стручната служба,секретарот  или директор/пом.директор

в) во случај да треба да се најави отсуство
• класен раководител • стручна служба
г) за потреби од административна природа, потврди, документи, и сл.
• класен раководител • секретар
д) Кога треба да пријави изгубен/најден предмет• дежурен наставник • класен раководител • стручна служба                              КЛАСЕН РАКОВОДИТЕЛ

а) Во ситуација кога цел клас напуштил час
• стручна служба • родители* законските прописи не дозволуваат самоволно и масовно напуштање на часови и предвидува казнени мерки по кои се постапува
б) Во случај на проблем во училница или неосгласување на ученик/ци од класот со предметен професор• предметен професор  (заедно со учениците организира средба со предметен професор и се обидуваат да го решат проблемот)• стручна служба (во случај да не може да се изнајде решение предметниот професор и кл.раководител ја информираат стручната служба и заеднички го решаваат проблемот) **стручната служба секојдневно комуницира со директорот и го информира за случувањата во улилиштето така што во краен случај и директорот може да се вклучи во разрешување на проблемот и само тогаш кога ќе добие информација од стручната служба дека тоа е неминовно
в) во случај на здравствен проблем или повреда на ученик од својот клас
• стручна служба** заедно со стручната служба се договоараат за начинот на информирање на предметните професори за случајотг) во случај кога ученик/родител најавил оправдано отсуство
• стручна служба
** заедно со стручната служба се договоараат за начинот на информирање на предметните професори за случајот
д) во случај кога ученик/ученици имаат потреба од административна природа, потврди, документи, и сл.
• секретар
ѓ) во случај кога се потребни информации за кои е претходно информиран класниот раководител дека треба да ги собира и евидентира (активности на ученици со предметни професори, тел. броеви и е-маил адреси, список на ученици, и сл.)
• стручна служба, директор или пом. директор (во зависност од побарувањето)

е) во случај на  непочитување на законот за заштита од пушење
• кај вработени: го известува Директорот на училиштето (се постапува согласно Законот за заштита од пушење) • кај ученици: доставува име и презиме на ученик до стручна служба (се постапува согласно Статутот на училиштето)
а) Во случај на несогласување со друг професор, родител или вработен во гимназијата• стручна служба• помошник директор• директор б) во случај на ненадејна спреченост да дојде на работа:
• помошник директор• стручна служба• секретарв) во случај на ненадејна потреба да замине порано од работно место
• помошник директор • директорг) да пријави непочитување на куќен ред • дежурен професор • стручна служба• помошник директор**дежурниот професор е должен да ја информира стручната служба и директорот/пом.директор д) во случај кога одреден ученик/ици се вклучени во активност со специфична задача (натпревар, проект,манифестација, и сл)• класен раководител
** Класниот раководител треба да има детален увид на активностите на учениците од својот клас. Тој е единствен извор на информација за тоа кои ученици треба да бидат наградени и пофалени, а предметните наставници треба да доставувааат имиња и презимиња на класниот за активностите а тој ја води евиденцијата. Така предметниот професор има увид кои ученици се вклучени и од кои класови.
ѓ) во ситуација кога целата паралелка не присуствувала на час предметниот наставник ги информира сите 3 субјекти
• дежурен професор (запишува во делот забелешки во книгата за дежурни професори)• класен раководител (ја информира стручната служба)• стручна служба (закажува класен совет)
* се закажува класен совет и родителска средба
е) во случај кога наставникот има лична потреба за разговор со директор
• најавува разговор барем 1 ден порано
ж) во случај на  непочитување на законот за заштита од пушење• кај вработени: го известува Директорот на училиштето                                                                   (се постапува согласно Законот за заштита од пушење) • кај ученици: доставува име и презиме на ученик до стручна служба (се постапува согласно Статутот на училиштето)

 

ДЕЖУРЕН ПРОФЕСОР

 

а) во случај кога лице од надвор доаѓа во училиште за време на траење на часот и бара професор
• разговара со лицето помагајќи му да потврди присуство на лицето кое го бара и му укажува дека треба да почека до завршување на часот

б) доколку родител сака да разговара со предметен професор
• дава информации на родителот и доколку треба да почека го упатува до просторијата за родители

в) во случај кога лице од надвор има административна потреба
• го упатува до секретар/благајник на училиштето

 

г) во случај кога за време на часовите лицата од обезбедувањето се соочуваат со прекршување на куќниот ред на училиштето од страна на ученици
• интервенира со тоа што разговара со ученикот и изнаоѓа решение во согласност со куќниот ред  и кодексите за однесување
** дежурниот наставник е оној кој треба да процени како треба да постапи во соодветната ситуација со ученикот. За груби нарушувања на правилата на однесување во училиште ја известува стручната служба а во случаи на исклучоци поради специфична потреба на ученикот или негова здравствена состојба реагира соодветно на ситуацијата.

д) во случај на  непочитување на законот за заштита од пушење
• кај вработени: го известува Директорот на училиштето (се постапува согласно Законот за заштита од пушење) • кај ученици: доставува име и презиме на ученик до стручна служба (се постапува согласно Статутот на училиштето)

 

РОДИТЕЛИ

 

а) во случај да треба да оправдате изостанок за своето дете
• класен раководител• стручна служба

б) доколку сакате да разговарате со предметен професор
• дежурен професор

в)  во случај на разрешување на проблем
• класен раководител• предметен професор• стручна службаб) во случај на здравствен проблем или повреда
• класен раководител (во случај да не е присутен во моментот ја информира стручната служба)• стручна служба (постапува согласно правилникот за работа и го евидентира случајот)
а) во случај да треба да најавите отсуство за своето дете
• класен раководител• стручна служба

г) за потреби од административна природа, потврди, документи, и сл.
• класен раководител • секретар• стручна служба

е) во случај кога имате потреба за разговор со директор
• најавува разговор барем 1 ден порано преку обезбедување или секретар

 

Превземи документ