Куќен ред и кодекси

Куќен ред и кодекси

Куќен ред на училиштето

 

Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат. Работата во училиштето се одвива според куќен ред утврден од Училишниот одбор.

 

  1. Училиштето работи во две смени. Првата смена е од 07.30 до 13.15 часот, а втората смена е од 13.45 до 19.15 часот.
  2. Учениците доаѓаат на настава и на други облици на воспитно-образовна работа најдоцна пет минути пред почетокот на наставата или другите облици на воспитно-образовна работа. Главниот влез се затвора во 07.35/07.30, односно 13.50/13.45 часот.
  3. По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставна активност или работа во ученичките организации.
  4. Учениците влегуваат во училиштето и излегуваат од него на одреден посебн влезо, додека службениот влезо е за вработени и странки.
  5. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, ученички легитимации, уверенија и сл.)
  6. Ученикот е обврзан навреме да пристигне во училиштето и да биде во училницата со ѕвонењето на училишното ѕвонче. Ако задоцни, ученикот треба да влезе во училишната библиотека.
  7. Учениците се должни да доаѓаат во училиште уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава.
  8. Во случај кога наставникот од која било причина не е на часот, потребно е дежурниот ученик да му се обрати на дежурниот наставник, педагогот, психологот или помошник директорот, заради регулирање на часот.
  9. Додека трае часот, забрането е шетање низ ходниците.
  10. За време на наставата, во училиштето мора да има потребна работна атмосфера.
  11. Најстрого се забранува групно бегање од часовите. Изгубените часови мора да се надоместат, а на учениците ќе им бидат изречени соодветни педагошки мерки.
  12. Во училишната зграда и во дворот се забранува пушење, како и носење и конзумирање на алкохол и на наркотични средства.
  13. Должност на сите ученици е културно и домаќински да се однесуваат кон училишниот имот, да се одржува хигиена и да се чуваат и одржуваат кабинетите, училишниот инвентар, компјутерите, ЛЦД проекторите, инсталациите и сл. Секоја направена штета ќе се надоместува.
  14. Најдоследно да се почитува правилникот за употреба на учебниците!!!
  15. Најдоследно да се почитува правилникот за користење на компјутерите!!!
  16. Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда треба да зазема развивањето на еколошката свест и чувањето на работната средина во која учениците минуваат поголем дел од денот.
  17. Најдоследно да се почитува Протоколот за комуникација во училиште !!!
  18. Најдоследно да се почитува Правилникот за однесување и облекување во училиште!!!
  19. Забрането е користење на мобилен телефон за време на наставата и истиот мора да биде исклучен. Во случај на непочитување на препораката, предметниот професор му го одзема телефонот на ученикот и го предава кај педагогот или психологот, од каде може да го земе само родителот.
  20. Учениците не смеат да преиначуваат податоци, оценки и сл. во училишната администрација и документи /дневник, свидетелства, дипломи, ученички книшки и сл./
  21. Изостанувањето од настава, се оправдува согласно Правилникот за педагошки мерки.
  22. Учениците во училиштето кои се истакнуваат со својата работа, успех и поведение, според однапред утврдени критериуми ќе бидат пофалени и наградени. Пофалбите, дипломите и наградите ќе се доделуваат на крајот од наставната година.


КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

 

Права и обврски на учениците

 

Ученикот треба уредно и навреме да биде запишан во училиштето и да ги исполнува сите услови предвидени со закон за прием во средно училиште;

Доколку  ученикот редовно  ја посетува наставата ќе има подобар успех и поведение;

Во училиштето се градат пријателски односи меѓу учениците и со наставниците;

Kолку ученикот подобро се грижи за училишниот инвентар и за наставните помагала – подолго ќе ги користи, а престојот во училиштето ќе му биде попријатен;

Kога ќе добие задача од професор треба да ја изврши одговорно и навреме;

Не треба да заборава дека ако нема дисциплина на часот не им се нанесува штета само на другите, туку и себеси;

Ученикот треба да го почитува професорот, за и тој да го почитува него;

Ученикот треба да ги научи своите права, од нив ќе произлезат неговите обврски;

Ученикот има право да добие квалитетно образование, затоа доаѓа на училиште;

Училиштето треба да обезбеди еднаков пристап, средства и активности за сите ученици;

Секој ученик има право на еднаков третман од страна на професорот во однос на предавањето или оценувањето;

Ученикот отсуствува од наставата само кога е тоа неопходно;

Ученикот не смее да заборави! Сите конфликти треба да се решаваат ненасилно и по пат на разговор;

Училиштето има стратегија за изрекување педагошки мерки – никогаш нема на ученик да му биде изречена педагошка мерка без причина;

Во случај ученикот да почувствува дека неговите права се загрозени – да побара помош во училиштето – класниот раководител, педагогот, психологот, пом.директорот и директорот секогаш ќе се погрижат за тоа.

 

Должности на дежурните ученици во класот

Дежурните ученици (двајца) во класот, ги организира класниот раководител по утврден редослед во траење од една недела. Дежурните ученици доаѓаат во училницата 5 минути пред другите ученици. Нивни должности се:

  • да ја прегледаат училницата пред да влезат другите ученици, го подготвуваат приборот за работа. Ако забележат некаква штета, веднаш ја пријавуваат на класниот раководител или на друго службено лице;
  • за време на одморот ги чуваат предметите на сите ученици од паралелката;
  • ги пријавуваат отсутните ученици на предметниот наставник за нивно евидентирање;
  • се грижат за редот и хигиената во училницата;
  • по завршување на часот последни ја напуштаат училницата, констатираат исправност на инвентарот, ги затвораат прозорците, го гасат светлото, ги собираат заборавените предмети од учениците и ги предаваат на дежурниот наставник;
  • ако предметниот наставник задоцни на час повеќе од 5 минути, дежурниот ученик го известува дежурниот наставник, педагогот, психологот, помошникот на директорот или директорот. Останатите ученици остануваат во училницата и тивко се подготвуваат за часот;
  • ако не дојде предметниот наставник и не може да се обезбеди замена, учениците остануваат во училницата и се подготвуваат за наредниот час. Дежурните ученици се должни да го одржуваат редот и дисциплината и да не дозволуваат да се напушта училницата. За непочитување на редот ќе се преземат соодветни педагошки мерки.

 

Кодекс за облекување

Секој ученик треба да е пристојно облечен кога е во училиштето:

  • Учениците се должни да доаѓаат во училиште уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава.
  • Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.

 

Секој ученик да внимава на својата фризура:

  • ако има долга коса таа да е уредно и пристојно собрана (со венче или поинаку) за да не паѓа на очи;
  • да се внимава на бојата на косата – не е дозволено користење на нападни бои (зелени, сини, црвени итн.);
  • доколку ученикот има суканици да обрнува внимание на нивната хигиена и да се уредно прибрани.
  • се забранува носење пирсови на лице за време на учебната година поради безбедносни причини.