МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

СУГС „Никола Карев“ како прва гимназија во Македонија денес е модерно училиште со долга традиција, квалитетен и стручен наставен кадар, современо опремено со компјутеризирани училници, спортска сала, библиотека со читална, еколошки уреден двор.Училиштето обезбедува сигурна и безбедна средина во која се образува, воспитува и насочува кон развивање на висока еколошката свест кај младите, поттикнува индивидуалност, кооперативност, креативности обезбедува солидна основа за успешно продолжување на образованието на високообразовните институции.

 

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Карев ќе биде стимулативна средина за нови знаења каде современите образовни трендови и технологии ќе бидат во функција на нашите потреби и сите заедно, наставници, ученици, родители, ќе бидеме модели на добри граѓани и заслужни за новите постигнувања

 

СИТЕ РАЗЛИЧНИ

СИТЕ ЗАЕДНО

ДО НОВИ ПОСТИГНУВАЊА

 

ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

Општи цели

  • стекнување знаења, умеења и навики;
  • развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите;
  • воспитување на младите за одговорно лично и општествено живеење ;
  • воспитување за демократичност, толерантност, конструктивност, креативност, трпеливост и меѓусебно разбирање;
  • развивање на свеста за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави;
  • запознавање со личните права и обврски;
  • оспособување за продолжување на образованието, односно вклучување на работа;
  • развивање свест за чување на здравјето, заштита на природата и животната средина;
  • поттикнување и забрзување на развојот на посебните интереси и способности кај младите;
  • подготвеност за доживотно учење и
  • подготвеност за промени

 

Посебни цели:

  • опремување на училиштето со современи наставни средства;
  • збогатување на библиотечниот фонд;
  • подобрување на квалитетот на наставата, преку воведување современи наставни методи и форми и техники на работа и наставни средства;
  • употреба на компјутерската опрема во училиштето;
  • зголемување на степенот на мотивираност и одговорност кај учениците за сопствениот напредок и нивно активноучество во наставата;
  • зголемување на нивото на компетентност на наставниците за успешна комуникација со учениците;
  • континуирана соработка со родителите;
  • подобрување на редовноста на учениците и на наставниците и
  • развивање на еколошката свест кај сите структури во училиштето.