Нивото на претходното образование кое е потребно за влез на новозапишани ученици во прва година е завршено деветгодишно основно образование. Кандидатите кои ќе ги исполнат условите од конкурсот, што го објавува Министерството за образование и наука на РМ, по претходно барање од училиштето, а во согласност со потребите и желбите на средината, стануваат редовни ученици во Средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“.

 

Кандидатите се рангираат во однос на:

  • покажаниот среден успех од VIдо IX одделение;
  • покажаниот среден успех по предметите: мајчин јазик, странски јазик, математика и предмет значаен за образовното подрачје.
  • поведението од VI до IX одделение
  • учество на градски, државни и меѓународни натпревари

 

Ако бројот на пријавените кандидати во училиштето е поголем од потребниот број ученици што треба да се запишат (објавен на конкурс), тогаш се врши рангирање на кандидатите според начинот што го доставува Министерството за образование и наука на Република Македонија.