Педагогот/психологот има определено работно време во кое ќе биде секогаш достапен за сите на коишто им е потребен.

 

Ученикот може сам да побара разговор со педагог/психолог на голем одмор или по завршувањето на часовите (освен во исклучителни ситуации).

 

Доколку службата има потреба да повика некој ученик ќе го направи тоа лично, за да се избегнат можните злоупотреби.

 

Во интерес на почитување на соговорникот, разговорот треба да биде конструктивен и професионален.

 

Во претходен договор со класниот раководител, педагогот/психологот го повикува родителот, ученикот или и двајцата, доколку заедно оценат дека има потреба од тоа, но за време на големиот одмор или по часовите кога никој од нив нема да отсуствува од час. Ако има потреба, присуствува и директорот. Ова се однесува и за другите предметни професори.

 

Еднаш неделно писмено и усно (со краток извештај) го информира директорот за сите извршени разговори. Притоа, треба да води тетратка со записници од разговорите која ќе биде на увид на директорот.

 

На крајот од неделата професорите задолжени по години се должни да го проверат евидентирањето на:

  •  одржани и неодржани часови;
  •  заведени и незаведени часови;
  •  евидентирани и неевидентирани изостаноци на учениците;

 

секој понеделник да ја информираат службата евиденцијата што ја воделе; таа ќе преземе мерки (ќе ги повика професорите на разговор, при што ќе се води записник. Доколку пропустот се повтори ќе биде проследен до директорот)