Правилник

Правилник

за однесување и облекување на вработените и учениците во училиштето

 

Член 1

Овој Правилник го регулира начинот на однесување и облекување на сите субјекти во училиштето – наставниот кадар, учениците и техничко административниот персонал.

 

Наставен кадар

Член 2

  • Наставниците доаѓаат на работа 15 минути пред почетокот на часовите.
  • Заминуваат на час на време, веднаш по звукот на ѕвончето.
  • За времетраење на часот не ја напуштаат училницата по било кој основ.
  • Не користат мобилен телефон за време на наставата.
  • Постојано носат идентификациона картичка, како знак за припадност и обележје на училиштето.

 

Член 3

  • Наставниците се однесуваат со почит кон колегите, учениците, техничко административниот персонал и кон родителите.
  • Точно го определуваат приемниот ден за родители на еден час, кога се должни да бидат во наставничка канцеларија.
  • Родителите ги примаат љубезно, упатувајќи ги во просторијата за родители, достојно претставувајќи ја културата на училиштето.
  • Не шетаат со родителот во ходник или во кабинети, повикувајќи ги другите професори од часови.

 

Член 4

  • Наставниците пристапуваат во канцеларијата на директорот или помошник директорот, по предходно закажан термин (во денови наменети за истото).
  • Континуирано соработуваат со стручната служба и ја информираат за сите важни случувања за време на наставата.

 

Член 5

  • Наставниците доаѓаат на работа пристојно облечени, при тоа избегнувајќи: кратки здолништа, тесни панталони, фармерки или хеланки, проѕирни блузи, премногу накит или било што провокативно на себе.
  • На работа доаѓаат со уредно средена фризура.
  • Наставниците се секогаш пример за учениците.

 

Член 6

  • Наставниот кадар задолжително присуствува на состаноците на наставничкиот совет на училиштето, како и на наставничките совети по години.
  • Присуствува на состаноци на актив, на тимови и комисии внесени во годишната програма.
  • Учествуваат во проекти и активности како и работни групи назначени од директорот.
  • Не пијат и јадат за време на состаноци.
  • Не користат мобилни телефони за време на состаноци.
  • Наставниците доследно го почитуваат куќниот ред на училиштето.

 

Член 7

  • Наставниците најмалку еднаш во текот на работната недела го средуваат пишаниот и електронскиот дневник (ги заведеуваат сите незапишани часови, отсутни ученици, внесуваат оценки, реализација на дополнителна и додатна настава, проектни активности и сл.).
  • Наставниците – класни раководители најмалку еднаш во текот на работната недела го средуваат пишаниот и електронскиот дневник (ги средуваат изостаноците на отсутните ученици, часовите во работната и сл.), а по одржување на наставнички совети на паралелка, како и родителски средби истите ги заведуваат во пишаниот и електронскиот дневник.
  • Сите наставници се должни редовно т.е. на неделно ниво да ги пополнуваат сите потребни содржини во пишаниот и електронскиот дневник.

 

Ученици

Член 7

  • Учениците доаѓаат во училиште на време, 5 – 10 минути пред почеток на часовите.
  • Доколку се случи да задоцнат од оправдани причини, тоа може да биде најмногу 5 минути.
  • Не излегуваат од училница за време на настава зарди било какви причини.
  • Дополнителните активности од било каков тип ги завршуваат за време на одморите или во периодот од 13:00 до 13:45 часот.
  • Административните потреби (потврди и сл.) ги решаваат преку класниот раководител.

 

Член 8

  • Учениците се однесуваат културно и пристојно за време на престојот во училиште.
  • Се однесуваат со почит кон наставниците, стручната служба, директорот, административно-техничкиот персонал, како и кон своите соученици.
  • Учениците влегуваат во настаничка канцеларија само ако се повикани од наставник, а не кога ќе им текне.
  • Надвор од училиште учениците го претставуваат училиштето на најдобар можен начин.

 

Член 9

  • За време на престојот во училиште, учениците се должни да доаѓаат во училиште уредно облечени (горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина).
  • Доаѓаат во училиште со уредно средени и пристојни фризури.
  • Не користат мобилни телефони за време на наставата, освен за време на одморите.
  • Не јадат или пијат за време на часовите.

 

Технички персонал

Член 10

  • Техничкиот персонал во училиштето должен е да ја одржува хигиената во: работните простории, санитарните простории, ходниците во училиштето, дворното место, зеленилото, како и сите други помошни простории потребни на училиштето.
  • Должен е да води сметка за дисциплината во ходниците додека трае наставата.
  • Должен е да врши внатрешна курирска работа.
  • Должен е да води грижа за инвентарот и навремено да го информира домаќинот за настанатите штети.
  • Да врши и други работи кои ќе им се стават во надлежност по задача од домаќинот и секретарот на училиштето.

 

 

Член 11

 

  • Техничкиот персонал се однесуваат со почит кон сите субјекти во училиштето.
  • Доколку се создаде потреба, родителите ги примаат љубезно, упатувајќи ги во просторијата за родители, достојно претставувајќи ја културата на училиштето.

 

Член 12

  • Техничкиот персонал пристапува во канцеларијата на директорот или помошник директорот, по предходно закажан термин (во денови наменети за истото).
  • Соработуваат со стручната служба и помошник директор и ја информираат за сите важни случувања за време на наставата.

 

Член 13

  • Техничкиот персонал доаѓа на работа пристојно облечени, носејќи ги своите работни облени.
  • Постојано носат идентификациона картичка, како знак за припадност и обележје на училиштето.
  • На работа доаѓаат со уредно средена фризура.

 

 Член 14

Измени и надополнување на Правилникот се вршат на ист начин и постапка како и при неговото носење.

 

Член 15

Правилникот влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

Превземи документ