ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН

Почитувани наши ученици кои своето образование ќе го продолжите во нашето
Средно училиште на Град Скопје, Гимназија ”Никола Карев”!
Огромна е мојата чест да ви посакам добредојде на првиот училишен ден во името на наставниот кадар,
педагошко-психолошката служба , техничкиот персонал на Гимназијата и во мое лично име..
Но,  уште поголемо е и нашето задоволство да ве  пречекаме утрешниот ден во ново  реновирано училиште после 44 години,што ќе значи дека од оваа учебна година нестандардните услови и ниските температури нема да бидат проблем за нашата редовна настава и можност за комплетно вклучување во сите планирани проекти кои ќе го зголемат квалитетот во наставните и воннаставните активности, а со тоа и во остварување на нашата ВИЗИЈА- спремни во вклучување во предизвиците со завршување на гимназиското образование.
Директор
Горица Илијоска