Организираната воспитно-образовна работа на учениците и на наставниците не би била целосна и успешна доколку не постои соработка на релацијата наставнициродители. Во рамките на оваа соработка, мошне успешно работи и Советот на родителите, кој најнепосредно и редовно се информира за сè што се случува во училиштето. Мислењето и ставовите на претставниците во Советот на родителите, како и нивните забелешки и сугестии, овозможуваат да се создадат подобри услови за живот и работа во училиштето.

Членови на Советот на родители се по двајца претставници од секоја учебна година кои се избираат на состаноците на Одбори на родители по години. За 2017/18 учебна година, тоа се следните родители:

 

  • Татијана Давидовска – претставник од I година
  • Сузана Стоилкова – претставник од I година
  • Ружица Ангеловска – претставник од II година
  • Јорданчо Милошевски – претставник од II година
  • Мирјана Николовска – претставник од III година
  • Катерина Блажевска – претставник од III година
  • Лилјана Филипоска – претставник од IV година
  • Братислав Милевски – претставник од IV година

 

На одржаните седници во текот на учебната година, се разгледуваат тековни работи потребни за функционирањето на училиштето, и тоа:

  • Годишниот извештај за работењето на училиштето во предходна учебна година;
  • Годишна програма за работата на Училиштето за тековна учебна година;
  • Се кооптираат на нови членови во Советот на родителите од I година;
  • Се избира на претседател на Советот на родителите;
  • Се разгледуваат и одобруваат програмите за реализација на екскурзии за учениците;
  • Се разгледува и анализира успехот на учениците во текот на класификационите периоди во учебната година и  се прави споредбена анализа со минатите учебни години (прво тримесечје, полугодие, трето тримесечје и крај на учебна година);
  • Се даваат предлог-мерки за надминување на констатирани слабости во успехот и редовноста на учениците;
  • Се даваат информација и се даваат одобрувања за хуманитарни активности во училиштето.
  • Се даваат информации за активности на училиштето за полагање државна матура.

Советот на родителите е вклучен и во работата на повеќето комисии во училиштето. Работата на Советот на родителите ја организира педагогот на училиштето во соработка со директорот на училиштето.

 

Одбори на родители

 

Одборите на родители континуирано работат во текот на учебната година. Состаноците се одржуваат редовно после секоја родителска средба (после секој класификационен период),

Вообичаено, состаноците со одборите на родители ги одржуваат одговорните наставници. За 2017/18 учебна година одговорни наставници се:

Име и презимеРаботни обврски
Марина Ристовска Емилија Ристановскаодговорен професор за прва година следење на постигнувањата на учениците во I година
Драгица Панова Емилија Нацева одговорен професор за втора година следење на постигнувањата на учениците во II година
Маја Филиповска Емилија Симоновска одговорен професор за трета година следење на постигнувањата на учениците во III година
Валентина Богоевска Бојана Крајновиќ Петровска одговорен професор за четврта година следење на постигнувањата на учениците во IV година
Секој пар од одговорни наставници во соработка со класниот раководител и педагогот/психологот е одговорен и за прегледување на педагошката документација

Во исклучителни случаи на состаноците на Одбори на родители присуствува и Директорот, психологот или педагогот на училиштето или некој од класните раководители. Одговорните наставници се избираат од редовите на наставниците кои предаваат во годината, а не се класни раководители. Секој одговорен наставник поднесува извештај за секој одржан состанок со Одборот на родители.