За учениците од завршните години на средното образование кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит во јунскиот испитен рок, јавните средни училишта во времето од 19 мај до 29 мај 2018 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, матурски и завршни испити.

 

За учениците од завршните години на средното образование кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит во августовскиот испитен рок, јавните средни училишта во времето од 15јуни до 29јуни 2018 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, матурски и завршни испити.

 

Јавните средни училишта во времето од 12 jуни до 20јуни 2018 година и од 13 август до 17 август 2018 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити  за побрзо напредување.

 

Екстерните испити од државната матура во гимназиското образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:

  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 2 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;
  • македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 9 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;
  • хемија, физика, биологија, историја и филозофијана 11 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;
  • математика на 13 јуни 2018 година со почеток во 10 часот.

 

За учениците кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура во гимназиското образование или од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во гимназиското образование во јунскиот испитен рок, се организира втор испитен рок во август во следните термини:

  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 13 август 2018 година со почеток во 10 часот;
  • македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 14 август 2018 година со почеток во 10 часот;
  • хемија, физика, биологија, историја и филозофија на 15 август 2018 година со почеток во 10 часот;
  • математика на 16 август 2018 година со почеток во 10 часот.

 

Интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:

  • во јунскиот испитен рок во периодотод 15јуни до 29 јуни 2018 година и
  • во августовскиот испитен рок во периодот од 20 августдо 24 август 2018 година.

 

Презентацијата и одбраната на проектната задачаза учениците од гимназиско и средно стручно образование се реализира во периодот од 14март до 25 април 2018 година и од 20 август до 24 август 2018 година.

 

Училишната матура во гимназиското образование, училишната матура во уметничкото образование и завршниот испит во четиригодишното стручно образование се спроведуваат во два испитни рока, и тоа јуни и август.

 

Во јунскиотиспитен рок: задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 12 јуни 2018 година со почеток во 9 часот.

 

Во августовскиотиспитен рок:задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 17 август 2018 година со почеток во 9 часот.