Три Дена Култура

Три Дена Култура

Повелете на ТРИ ДЕНА КУЛТУРА, прошетајте се низ светот на уметноста во нашиот тродневен културен омнибус и станете дел од најголемиот средношколски уметнички настан. ТРИ ДЕНА КУЛТУРА претставува отворена платформа во која секој млад уметник ќе има можност самостојно да се изрази, и истовремено да ги покаже своите нови идеи, сфаќања и размислувања во поглед на уметноста. Повелете!

Фестивалот се одвива на 21, 22, 23 февруари со почеток од 20:00 часот.

21.02 (среда) – Средношколски Филмски Фестивал
22.02 (четврток) – Театарски Перформанси
23.02 (петок) – Свирка и Дигитална Изложба

———————————

СРЕДНОШКОЛСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ:
*Официјална селекција (конкурентна) ¬[ќе биде надополнета]
– Good Night / Добра Ноќ – Сергеј Сарчевски
– Blacksmith / Ковач – Горан Поповски
– Faust / Фауст – Бојан Таневски
– A second… to eternity / Секунда… до вечноста – Ана Андонова
– Faces / Лица – Ханис Багашов
*Специјална селекција ¬[ќе биде надополнета]
-„ОТРОВ“ – Дејан Џолев (Џолев и Уметностите)
*Дискусија со Дејан Џолев за филмови, режисери, уметност…
*Прогласување на победникот на првиот СФФ во земјава!

ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНСИ:
-Чехов Монолози – Драмско студио „СЦЕНА“
-Модерен балет – Денс Студио ВАЈБ
-Мудрост во четврт месо
-Импровизација
-Чекајќи го Годо
-Живот во розово

СВИРКА И ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА:
-DJ Leon
-DJ ZEC
-Карев школски
-ТРИ
-Анастасија Аврамовска и Исидора
-Cut my Nipple
-GSN2
-Зерина Нушевиќ
-SPECTRUM
-Годо

*Дигитала изложба: ликовни дела и фотографии, +групна изложба на ученици од средно уметничко
***(артистите за свирка не се пишани по редоследот по кој ќе свират)

Влезот е бесплатен

Повелете добра уметност, се гледаме во Карев! ❤