Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Тој брои дванаесет члена: тројца претставници од основачот на училиштето – Град Скопје, тројца претставници од родителите на учениците, еден член од Министерството за образование и наука, еден член од Стопанска комора и четири претставници од наставниците. Училишниот одбор на училиштето:

  •  го донесува Статутот;
  •  ја донесува Годишната програма за работа и го усвојува извештајот за работа;
  •  распишува јавен оглас за именување на директор;
  •  предлага годишен финансиски план до Министерството, предлага завршна сметка;
  •  дава мислење во врска со приговор на наставник и стручен соработник за оценката на нивната работа;
  •  дава мислење за именување и разрешување на директорот;
  •  ја разгледува реализацијата на Годишната програма за работа;
  •  разгледува и други прашања утврдени со Статутот на училиштето;

 

Членови на Училишниот одбор во СУГС гимназија ,,Никола Карев”

Име и презимеПретставник одОрганизација во која работи
Нада БлажесканаставнициСУГС гимназија „Никола Карев“ – претседател на УО
Марина РистовсканаставнициСУГС гимназија „Никола Карев“ – заменик претседател на УО
Борче МилошескинаставнициСУГС гимназија „Никола Карев“
Вјенцеслав РангеловнаставнициСУГС гимназија „Никола Карев“
Лидија ВодјаникСовет на Град СкопјеДиректор во ООУ „Димо Хаџи Димов“
Ратко ШтерјоскиСовет на Град СкопјеСУГС „Лазар Танев“
Снеже ГеоргиевскаСовет на Град СкопјеГенерален секретеријат – Влада на Р.М.
Наташа АнтовскаМОНАгенција за храна и ветеринарство
Лилјана ФилипоскародителиСметководител
Катерина БлажескародителиТехнолог
Татјана ДавидовскародителиЕкономист
Ацо СпасовскиСтопанска комора