ПРАВИЛНИК

НА УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА НА СУГС ,,НИКОЛА КАРЕВ”

 

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА

Училишната заедница на СУГС ,,Никола Карев’’ е формално тело кое во соработка со училиштето учествува во процесите на донесување на одлуки.

МИСИЈА НА УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА

Училишната заедница на СУГС ,,Никола Карев’’ ги застапува ставовите на учениците и ги изнаоѓа и решава нивните предизвици и потреби во соработка со училишните служби.

СТРУКТУРА

 

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ

  • Зголемување на информираноста  за Училишната заедница и нејзините активности
  • Легитимност на Училишната заедница
  • Зајакнување на капацитетите на учениците

Зголемување на информираноста  за Училишната заедница и нејзините активности

Специфични цели:

  • Креирање на училишен весник, кој ќе се издава 2 пати во полугодието.
  • Креирање на инфо катче во рок од еден 1 месец, кое континуирано ќе се ажурира.
  • Креирање на електронски медиум (Facebook fan page) и блог во склоп на веб страната на училиштето.
  • Систем на мониторинг за проверка на ефективноста на кружење на информациите со спроведување на анонимна анкета во класовите на секои 2 месеци.

Легитимност на Училишната заедница

Специфични цели:

  • Формализирање на Училишната заедница со поднесување предлог барање во период од 1 до 2 години со влегување во статутот на училиштето.
  • Зајакнување на демократското учевство преку јасен правилник кој ќе биде изготвен во рок од 1 месец и мора да биде почитуван од секој член на училиштето.
  • Во рок од 3 месеци да се воспостави контакт со минимум 3 училишта за меѓусебно споделување искуства.

Зајакнување на капацитетите на учениците

Специфични цели:

  • Организирање на минимум една вон-наставна активност, која ќе биде определена по пат на анкета на месечно ниво, што ќе опфати 50 ученици до крај на учебната 2016.
  • Подобрување на меките вештини кај учениците од СУГС ,,Никола Карев’’ преку организирање на минимум 5 обуки, кои ќе опфатат најмалку 15 ученици од обука во рок од 7 месеци.
  • Покренување на иницијатива за создавање на 3 групи по 10 ученици со цел изнаоѓање и решавање на 3 проблеми од различни области до крај на месец мај.

 

Процедури за работа на Училишната заедница

ПРОЦЕДУРИ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ СОСТАНОК

  • Училишната заедница (УЗ) има два редовни состаноци во месецот со можност за свикување на вонредни состаноци.
  • Редовен состанок свикува претседателот на УЗ, а во негово отсуство потпретсе-дателот или член на Претседателството на УЗ (со одлука на просто мнозинство на членовите)
  • Вонредни состаноци може да свика Претседателството по иницијатива на секој член на УЗ. За состанокот потребно е да се сложи мнозинството на Претседателството (просто мнозинство).
  • Претседателството на УЗ има еден редовен состанок во месецот.
  • Секој состанок на УЗ го води еден член на Претседателството на УЗ (избран со мнозинство на Претседателсвото на УЗ).
  • Состанокот се свикува една недела пред одржувањето и истиот се комуницира по пат на соопштение и електронска пошта до сите членови на УЗ.

ПРОЦЕДУРИ ЗА ВОДЕЊЕ ЗАПИСНИК

  • Записничарот се бира пред почеток на состанокот со доброволно пријавување на член од УЗ, согласно интересот и желбата. Записничарот треба да поседува способност за внимателно следење на состаноците и притоа записникот да биде конкретен со внимателно селектирана суштина. Записничарот води листа на присутни и истата ја става во прилог на записникот. Записникот треба да се достави до сите засегнати страни во рок од 1-2 дена по завршување на состанокот.
  • Дневниот ред на состанокот на УЗ треба да ги содржи сите точки за дискусија со определено времетраење по точка. Истиот треба да биде достапен до сите членови на УЗ со најавата за наредниот состанок на УЗ. Дневниот ред се донесува од страна на Претседателството на УЗ во координација со училишните служби.

ПРОЦЕДУРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА

  • Членови на УЗ се претседателите на класовите во СУГС Никола Карев кој ќе биде номиниран и изгласан од својот клас, а притоа кандидатите треба да ги исполнат следниве критериуми:
  1. Презема одговорности и се вклучува во реализација на активностите;
  2. Издвојува време за вклучување во активностите;
  3. Редовно ги посетува состаноците
  • На состаноците на УЗ секој клас е претставуван од претседателот, а при негова оневозможеност на состанокот е присутен негов заменик(потпретседател на клас).
  • Доколку претставиците на УЗ ги испраќаат нивните заменици три пати во текот на едно полугодие, тогаш заменикот ја презема функцијата на претставник во УЗ и се одбира нов заменик. Доколку двата члена од еден клас (претставник и негов заменик) не присуствуваат 3 пати во едно полугодие се покренува постапка за избирање на нови членови. Доколку самите се откажат се покренува горенаведената постапка.

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА

  • На првиот состанок на УЗ на почетокот на новата учебна година се најавува и отвора повикот за избор на Претседателство на УЗ.
  • Аплицирањето е преку апликација која сите заинтересирани членови на УЗ можат да ја пополнат за секоја од функциите на Претседателството на УЗ.
  • Анонимните апликации се доставуваат до сите членови на УЗ минимум три дена пред вториот состанок на УЗ со што секој член ќе има можност индивидуално да ги разгледа апликациите. На вториот состанок на УЗ кандидатите јавно се претставуваат со краток говор од 2-3 мин.
  • Избирањето се врши по пат на тајно гласање. Гласовите се бројат од страна на присутните од преодното Претседателство или 3 ученици пријавени на лице место.