Упис во I година 2017/18

Упис во I година 2017/18

Врз основа на член 42 од Законот за средното образование (Сл.весник бр. 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15 и 30/16), член 44, 45 и 146 од Статутот на Средното училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев“ – Скопје, Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, објавен од страна на МОН на 31.03.2017 год,  Училишната комисија за упис на ученици во прва година  на ден 13.04.2017 година,  донесе

 

O Г Л А С

за запишување ученици во учебната 2017/2018 година во

Средно училиште  на Град Скопје

гимназија  „НИКОЛА КАРЕВ“ – Скопје

 

1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки

минимум 60 поени

 

При пријавување за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование:

  • природно – математичко подрачје (комбинација А) – се бодираат предметите математика и физика,
  • природно – математичко подрачје (комбинација Б) – се бодираат предметите математика и биологија,
  • општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) – се бодираат предметите математика и историја,
  • општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) – се бодираат предметите математика и историја,
  • јазично – уметничко подрачје (комбинација А) – се бодираат предметите математика и историја,
  • јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) – се бодираат предметите математика и историја.

 

 2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето,учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување се подигнува од училиштето и истата е бесплатна;
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • додаток на свидетелство за IX одд. со резултати од екестерно проверување;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

  • КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на  28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и сло­бод­ните места ќе се објават на  30 јуни 2017  година.

Второто пријавување од јунскиот уписок рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на  6 јули 2017 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август во училиштата во кои има непополнети места, а резул­та­тите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 год.

 

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI – IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик, математика и историја/физика/биологија);
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
  • средна вредност од поени добиени за поведение;
  • среден успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот за IX одделение.

 

од Комисијата за упис,
Претседател, м-р Елизабета Марковска Ставревска