Воннаставните активности се предвидени со цел да се надополни профилот на личноста на ученикот. Исто така, овие активности се одлична можност учениците да откријат некои интереси и потенцијали за кои можеби и не се свесни дека ги поседуваат, а целта е максимално да ги искористат во текот на животот.

 

Придобивки од воннаставните активности се:

  • учење со цел, мотивираност и желба, без оптовареност од оценување;
  • дружење на учениците и меѓусебна соработка;
  • проширување на знаењата;
  • стекнување на животни и комуникациски вештини.

 

Во оваа област спаѓаат и сите случувања што ги организира Град Скопје групирани според следниве програмски цели:

  • унапредување на безбедноста во училиштето и спречување на училишното насилство;
  • унапредување на здравјето на учениците и животната средина;
  • стимулирање на индивидуалниот кариерен развој на учениците;
  • истражување и промоција на ученичките права, слободи и различности.

 

Подолу следи списокот на здруженија на граѓани и имиња на проектите на Град Скопје кои ќе се реализираат во средните училишта на Град Скопје во текот на учебната 2017/18 година.

Име на здружениеИме на проектВременска рамка
Центар за истражување и креирање политикиДевојки во технологија:15.05 - 15.12.2017
Намалување на родовиот јаз во техниките професииНамалување на родовиот јаз во техниките професии15.05 – 30.06.2017
Здружение за младинска едукација е-млади СкопјеТенис за секого15.05 – 30.06.2017
Здружение на граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ СкопјеПромоција и развој на ученички права и слободи 15.09 - 15.12.2017
Фондација – Меморијален центар Никола Кљусев СкопјеСовремени ИТ алатки во наставата01.02 – 30.06.2017
Дирекција за култура и уметностМај месец на матурантите10.05 - 15.06.2017
Здружение за граански и младински политики Центар за Европски иницијативи СкопјеОбука на средношколци за избор на факултет и професионална кариера15.05 – 30.06.2017
Здружение на граани за одржлив развој и заштита на животната средина ЛеоПанел дискусии за превенција од дрога
Центар за истражување и креирање политикиДевојки во технологија:
Намалување на родовиот јаз во техниките професииНамалување на родовиот јаз во техниките професии
Здружение за младинска едукација е-млади СкопјеТенис за секого
Здружение на граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ СкопјеПромоција и развој на ученички права и слободи

СУГС гимназија „Никола Карев“ веќе со години активно и во континуитет соработува и го посетува Криминолошкиот музеј во склоп на Полициската академија. И оваа година учениците ќе добиваат сознанија преку посета на оваа институција.

 

Проектот за хумани вредности (ПХВ) кој започна да се реализира во 2012/13 година, преку активности на клубот „Хумани срца” чии членови се ученици од СУГС гимназија „Никола Карев” продолжува и оваа учебна година. Активностите се реализираат според Годишната програма на активностите на Младинскиот клуб на Црвениот крст – Карпош но и според целите и идеите на Црвениот крст и црвената полумесечина како национално друштво.

 

Учебната 2014/2015 година започна да се имплементира проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) како носител на проектот. И оваа година во рамките на проектот ќе се рализиираат активности планирани од страна на секој актив. Планираните активности се дадени во делот Прилози.