Skip to content

Куќен ред

Куќен ред на училиштето Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат. Работата во училиштето се одвива според куќен ред утврден од Училишниот одбор. 

1. Училиштето работи во две смени. Првата смена е од 07.30 до 13.00 часот, а втората смена е од 13.45 до 19.15 часот. 

2. Учениците доаѓаат на настава и на други облици на воспитно-образовна работа најдоцна пет минути пред почетокот на наставата или другите облици на воспитно-образовна работа. Главниот влез се затвора во 07.35/07.30, односно 13.35/13.30 часот. 

3. По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставна активност или работа во ученичките организации. 

4. На учениците им се забранува минување низ службениот влез. 

5. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, ученички легитимации, уверенија и сл.) 

6. Ученикот е обврзан навреме да пристигне во училиштето и да биде во училницата со ѕвонењето на училишното ѕвонче. 

7. Учениците се должни пристојно да се облекуваат, за да не се издвојуваат од средината и да не го привлекуваат вниманието на другите ученици во наставата, односно да не доаѓаат – облечени со куси панталони, куси маици и сл. 

8. Во случај кога наставникот од која било причина не е на часот, потребно е дежурниот ученик да му се обрати на помошник директорот или на дежурниот наставник, заради регулирање на часот. 

9. Додека трае часот, забрането е шетање низ ходниците. 

10. За време на наставата, во училиштето мора да има потребна работна атмосфера. 

11. Најстрого се забранува групно бегање од часовите. Изгубените часови мора да се надоместат, а на учениците ќе им бидат изречени соодветни педагошки мерки. 

12. Во училишната зграда и во дворот се забранува пушење, како и носење и конзумирање на алкохол и на наркотични средства. 

13. Должност на сите ученици е културно и домаќински да се однесуваат кон училишниот имот, да се одржува хигиена и да се чуваат и одржуваат кабинетите, училишниот инвентар, компјутерите, инсталациите и сл. Секоја направена штета ќе се надоместува. 

14. Најдоследно да се почитува правилникот за употреба на учебниците. 

15. Најдоследно да се почитува правилникот за користење на компјутерите. 

16. Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда треба да зазема развивањето на еколошката свест и чувањето на работната средина во која учениците минуваат поголем дел од денот. 

17. Најдоследно да се почитува Протоколот за комуникација во училиштето . 

18. Забрането е користење на мобилен телефон за време на наставата и истиот мора да биде исклучен. Во случај на непочитување на препораката, предметниот наставник му го одзема телефонот на ученикот и го предава кај помошникот директор, од каде може да го земе само родителот на детето. 

19. Учениците се должни задолжително да ја носат работната облека (униформа) за цело време на наставните часови и за време на одморите. 

20. Изостанувањето од настава, се оправдува со почитување на Правилникот за педагошки мерки. 

21. Учениците во училиштето кои се истакнуваат со својата работа, успех и поведение, според однапред утврдени критериуми ќе бидат пофалени и наградени. Пофалбите, дипломите и наградите ќе се доделуваат на крајот од наставната година.