Стручни соработници – педагог и психолог – Кристина Ковачевска и Гордана Блажевска Спиридонова, секоја од свој аспект се ангажира за подобрување на условите и резултатите од воспитно-образовната работа во училиштето и работи по своја програма. Раководејќи се според изготвените месечни планови, во текот на учебната година педагогот и психологот реализираат голем број активности.
Стручната служба изготвува сопствена програма за работа, дава стручна помош и при изготвувањето на програмите на стручните активи. Педагогот и психологот учествуваат директно во работата на менаџерскиот тим со поддршка, координација и реализација на тековни училишни задолженија и активности.
На почетокот на учебната година, Службата прави увид во изготвените планови (годишни, глобални, тематски и дневни), анализирајќи го нивниот квалитет.
Во месец септември се дава предлогпрограма за класните часови. На раководителите на паралелките им доставува материјал во кој се опфатени причините и начинот на изрекување на педагошките мерки. Во текот на месецот, Службата соработува со раководителите на паралелките во врска со пополнувањето на дневниците за работа, а дава стручна помош и при организирањето на редовната, дополнителната и додатната настава со поедини професори, која се одвива перманентно во текот на целата учебна година.
Во текот на целата наставна година Службата успешно соработува со сите органи и тела во училиштето. Најчесто соработката се однесува на давање извештаи за бројот на учениците, успехот и редовноста.
Во класификационите периоди, Службата присуствува и активно учествува на советите на паралелките и на наставничките совети.
Во врска со стручно-истражувачката и аналитичката работа, во текот на целата година во класификационите периоди се следи успехот и поведението на учениците и се врши анализа на истото.
По однос на подрачјето – Соработка со учениците, Службата перманентно во текот на годината реализира индивидуална работа со учениците, особено со оние со проблематично однесување, слаб успех и лошо поведение, помага на учениците кои имаат потешкотии со адаптацијата, учениците кои имаат потешкотии во наставата, реагира навреме во случај на конфликт меѓу ученици, разговара со учениците кои постигнуваат добри резултати, дава советодавна работа која помага поедини ученици да ги откријат своите, афинитети, можности и способности и истите правилно да ги искористат и да ги канализираат.
При тоа водат редовна документација за работата со учениците и датотека според различните потреби и карактеристики на советадавна помош и поддршка.
Педагогот и психологот даваат ефективна поддршка на учениците со посебни потреби, притоа се реализираат советодавни разговори со наставниците кои предаваат на учениците со посебни потреби за адекватна помош и поддршка на учениците.
Се реализираат и средби со родителите за да се одговори на соодветните потреби на учениците. Службата постојано и будно ја следи редовноста на учениците, преку увид во дневниците, при што се изрекуваат и соодветни педагошки мерки за учениците, според бројот на изостаноците.
Севкупната работа со учениците и постигнатите резултати се следат и вреднуваат од страна на родителите, преку соодветни форми на соработка. Психологот и педагогот следат обуки во текот на учебната година кои придонесуваат кон професионалното усовршување.
Стручната служба за својата ефективна работа соработува и со ред институции во државата – Град Скопје, МОН, БРО, МТСП, ДИЦ, Социјалните центри, Одделението за превенција на малолетничка деликвенција, МВР, универзитетите и други институции посветени на образованието во државата. Идентификациони податоци Стручен соработник – Педагог Кристина Ковачевска, дипл. Педагог и Магистер по менаџмент во образованието при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје Стручен соработник – Психолог Гордана Блажевска Спиридонова, дипл. Психолог при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје