Училишната библиотека при СУГС гимназија ,,Никола Карев“ – Скопје работи во двете смени и е постојано на располагање на учениците и наставниот кадар.
Училишната библиотека е сместена во училишната зграда на првиот кат во кабинет бр. 34 и во неа како библиотекар работи проф. Јулијана Зафирова (професор по македонски јазик и литература), со положен стручен испит за библиотекар.
Најголемиот дел од книгите го сочинуваат книгите од областа на белетристиката и дела и лектири неопходни за обработка по предметот македонски јазик и литература. Останатиот библиотечен фонд го сочинуваат разни стручни книги и материјали од сите предмети, енциклопедии, речници, лексикони, списанија и сл.
Училишната библиотека располага со одреден број ЕКО книги т.н. ЕКО литература, кои се користат за подигање на еко свеста на учениците при изготвувањето на најразлични Еко- проекти. Училишната библиотека покрај редовната набавка на библиотечниот материјал за дополнување на книжниот фонд, издавање и прибирање на библиотечниот материјал, во текот на целата учебна година изготвува и реализира и Годишна програма.
Целта и задачите на современиот образовен процес е оспособување на учениците за самостојна работа, самообразование и подготвување за перманентно образование. За остварување на овие цели и задачи неопходно е учениците да ги научиме да учат како самостојно да користат извори на знаења, да консултираат речници, енциклопедии, лексикони и друг информативен материјал достапен од информативната технологија, како што е Интернет и слични електронски извори. Библиотеката има соработка со директорот, учениците, наставниците (особено со наставниците по македонски јазик и литература за организирање на промоции со истакнати личности од разни области – театарот, филмот, музиката, ликовни уметници и сл., литературни читања со литературни дејци, писатели, поети, артисти и др.), при реализација на предвидените планови на училиштето.
Постојано се работи на зголемување на бројот на книгите со организирање акции за донирање на книги од страна на учениците и професорите. Исто така бројот на книгите се зголемува и по пат на донации од разни институции.
Во училишната библиотека се одржуваат различни видови презентации и предавања на различни теми наменети за средношколците од страна на невладини организации, факултети итн, проекции на филмови, презентации на факултети, издавачки куќи, промоции и сл.
Исто така во неа се одржуваат проби и претстави кои ги подготвуваат учениците од драмската секција. проф. Јулијана Зафирова Библиотекар