Skip to content

Проектни активности

Изборот на проектни активности овозможува задоволување на индивидуалните интереси на учениците преку кои им се нудат можности да ја реализираат својата креативност и потенцијали, надвор од редовната настава. Тие се реализираат според стандардите пропишани од БРО и со соодветен фонд на часови, во сите четири години во прва, втора и трета година, по слободен избор на ученикот и во зависност од капацитетите и можностите на училиштето. Учениците избираат две проектни активности преку анкетни листови кои ги спроведува училиштето.

Професорите кои имаат проектни активности доставуваат годишно планирање за истата во кое се вклучени трите фази на реализација, согласно со Правилникот за одржување на проектни активности. На  почетокот  од  септември   се  одржуваат   презентирања  на проектните активности пред учениците за до крајот на месец септември учениците да можат да изберат соодветна проектна активност и да се формираат групите. Проектните активности се реализираат вон редовните наставни часови во однапред определен термин и просторија.

Проектни активности кои се планирани да се реализираат во учебната 2025/26 година се следните:
  Проектна активност Број на часови
Урбана култура 15+20
Странски јазици и класични јазици 15+20
Култура на здравото живеење 15+20
Математика 15+20
Информатика 15+20
Физика 15+20
Хемија 15+20
Биологија 15+20
Граѓанска култура 15+20
Спортски проектни активности 15+20
Активности од областа на музиката-Хор 15+20
Активности од областа на музиката -Оркестар 15+20
Ликовно-творечки активности 15+20
Географија 15+20
Мир, толеранција и заштита 15+20
Иновации и претприемништво 15+20
Литературни клубови и драмски секции 15+20