Директорот на СУГС гимназија „Никола Карев” – Скопје, Андреј Манолев, е професор по Спорт и спортски активности.
Завршил Факултет за физичка култура на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје.
Учествува во организацијата и развојот на средношколскиот спорт како потпретседател и претседател на Здружението на професори по спорт на Град Скопје.
Активно учествувал во работилниците за јакнење на капацитетите на локалната самоуправа, начинот на финансирање и децентрализацијата на власта, организирани од УНДП.
Бил учесник на обуки за јакнење на вештините за тимска работа и развивање на комуникациските способности, под покровителство на фондациите „Конрад Аденауер” и „Фридрих Еберт”.
На локалните избори во 2017 година, тој е избран за член и претседател на Советот во Општина Карпош.